21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на акциите на Волстртит

Раст на акциите на Волстртит

vol strit 5

Цените на акциите на Волстртит пораснаа во понеделникот со оглед дека спласнаа стравувањата на инвеститорите од зголемување на каматите на американската централна банка и од последиците од јакнењето на доларот врз добивките на компаниите.

Dow Jones зајакна 228 поени или 1,29 отсто, на 17.977 поени, додека S&P 500 порасна 1,35 отсто, на 2.081 поен, а Nasdaq индексот се зголеми 1,19 отсто, на 4.929 индексни поени.

Вчера Fed објави дека индустриското производство во САД во февруари се намалило трет месец по ред, за 0,2 отсто, што укажува, заедно со податоците за прометот во трговијата на мало, на забавување на растот на американската економија.

Овие податоци ги поттикнаа надежите на инвеститорите дека Фед сепак нема да ги зголеми каматите кон средината на годината, туку одлуката ќе ја одложи барем до септември. Поради тоа со големо нетрпение се чека што ќе порачаа челниците на Фед во среда по дводневната седница.

„Очекувањта во врска со каматата во последните денови ја диктираат насоката на берзата. Кога на берзата преовладува уверението дека каматите ќе бидат зголемени, инвеститорите ги продават акциите, па цените паѓаат. И обратно, кога ќе се појави надеж дека Фед се уште нема да ги зголеми каматите, цените растат“, појаснува Ури Ландесман, претседател во компанијата Platinum Partners.

Со оглед дека инвеститорите се надеваат на одложување на одлуката за зголемување на каматите, доларот вчера ослабна откако со недели беше во раст.

Сопирањето на растот на доларот во понеделникот ги ублажи стравувањата на инвеститорите дека високата цена на доларот ќе им наштети на американските компании бидејќи нивните производи на светските пазари стануваат помалку конкурентни, поради што им се намалуваат приходите и добивката.

Најмногу вчера пораснаа акциите во дефанзивните сектори, како здравствениот и комуналниот. Порасна дури и енергетскиот сектор, иако цената на нафтата на американскиот пазар падна за над два отсто, на 43,88 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП