5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботниците го тужат McDonald’s

Работниците го тужат McDonald’s

article-2202775-14FFEE89000005DC-465_634x447

Работниците на „McDonald’s“ во 19 американски градови поднесоа тужба поради недостаток на заштитна опрема и другите ризици на работното место во оваа компанија.

Жалбите се последниот чекор од кампањата за зголемување на платата на 15 долари за час и синдикализација на работниците кои се обидуваат да го убедат „McDonald’s“ да преговара.

Изгорениците поради недостатокот на заштитна опрема и другите опасности детално биле прикажани во поднесената жалба.

Работниците навеле дека постојано им недостасуваат нараквици за ракување со жешка опрема и велат дека сериозно се повредуваат и здобиваат со изгореници кога ги чистат вклучените скари. Еден работник навел дека на ваквата жалба од изгореница шефот му рекол да „стави мајонез на тоа, и ќе биде добро“.

Претставниците на Министерството за труд потврдија дека жалбата е поднесена, но не истакнаа повеќе детали.

„McDonald’s“ соопшти дека неговите франшизери се посветнени на гаранцијата за безбедни услови при работа, како и дека ќе ги истражат наодите од жалбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП