24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоработка меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и претседателот Иванов

Соработка меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и претседателот Иванов

fond inovacii

Фондот за иновации и технолошки развој воспоставува контактна канцеларија во рамки на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје.

Ова се случува со цел доближување на програмите на фондот до потенцијалните апликанти и поголема достапност на информациите за првиот отворен повик за инструментот Kофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации, за сите заинтересирани.

Соработката меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и претседателот Ѓорге Иванов се воспоставува со намера да се обезбеди уште еден канал за комуникација со граѓаните во врска со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во просториите на Народната канцеларија на претседателот, заинтересираните може да се обратат за сите информации во врска со отворениот повик, како и останатите програми и активности на Фондот.

Сите заинтересирани лица може да добијат информации од вработените од Фондот за иновации и технолошки развој секој работен ден од 9 до 17 часот, почнувајќи од 17-ти март, 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП