3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai го претвори i20 во теренец (фото)

Hyundai го претвори i20 во теренец (фото)

ter i20 1

„Hyundai“ претстави теренец верзија на хечбекот „i20“. Моделот го доби додатокот „Active“ и во прво време ќе се продава на индискиот пазар, за кој е создаден.

Новата модификација е за 10 мм подолга, за 26 мм поширока и за 50мм повисока од стандардниот „i20“. Освен тоа „Active“ се одликува и со зголемено растојанието помеѓу двете оски, но обемот на багажникот си останува ист.

ter i20 2

Возилото доби дополнителни пластични штитници на крилата, на праговите и на браникот. Идниот сопственик на оваа верзија ќе има на располагање уште 16-инчни бандажи, „LED“ фарови и пруги на покривот.

Промени има и во внатрешноста на теренецот, кој е опремен со нови седишта, предни воздушни перничиња и алуминиумски педали. Освен тоа возачот ќе располага со аудио систем со 8 звучници, USB излези, како и „Bluetooth“ функција.

ter i20 4

Кросоверот ќе се нуди само со погон на предните тркала, а палетата на мотори е позајмена од хечбекот „i20“. Моделот ќе се нуди со 1,4-литарски дизел со моќност од 90 КС и со 1,2-литарски бензински мотор кој развива 83 КС. Двата агрегати се достапни со 5 и 6-брзински мануелни менувачи.

ter i20

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП