28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск е за продолжување на санкциите против Русија

Туск е за продолжување на санкциите против Русија

D

Претседателот на Европскиот совет, поранешниот полски премиер Доналд Туск, оценува дека европските економски санкции наметнати против Русија поради нејзината наводна улога во конфликтот во источна Украина мора да продолжат и по летото, во интервјуто објавено во понеделникот во пет европски дневни весници.

„Како поддршка на (германската канцеларка Ангела) Меркел и (францускиот претседател Фрасона) Оланд на договорот од Минск, минимално е да се задржат сегашните санкции“, вели првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск за францускиот дневен весник Le Figaro, три дена пред европскиот самит (19-ти и 20-ти март) во Брисел посветен на ова прашање, додека во европските медиуми се шпекулира околу разногласието во ЕУ околу продолжувањето на санкциите против Русија.

„Кога Европската унија би морала да ги намали санкциите ова лето, трансатлантските односи би влегле во многу критична фаза“, додава Туск, една седмица по посетата на Вашингтон од 9-ти март, кога во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Барак Обама.

„Претседателот Барак Обама беше јасен примајќи ме пред неколку дена во Белата куќа. САД може да се согласат на договорот од Минск, но задржувањето на санкциите е она што ќе го убеди дека остануваме заедно наспроти Русија“, истакнува претседателот на Европскиот совет.

„Без притисок, спроведувањето на договорите од Минск е неостварливо“, продолжува Туск запрашан за потребата Украина да ја преземе контролата над границата со Русија, која во моментов е под надзор на рускојазичните бунтовници од Донбас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП