7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВеќе може да се нарача новиот Audi Q7 (фото)

Веќе може да се нарача новиот Audi Q7 (фото)

dsc 007

Од денес, 16-ти март, новата генерација на „Audi Q7“ е достапна за набавки во Европа, објави германскиот производител. Во моментов моделот се нуди во две модификации – една дизелска и една бензинска, при што претстои да бидат додадени и други.

Најприфатливиот е дизел модел со мотор 3.0-литарски „TDI“. Тој располага со 272 КС и 600 Нм, а е способен забрзувањето од место до 100 км/час да го оствари за 6,3 секунди. Максималната брзина на движење на оваа модификација е 234 км/час, а просечната потрошувачка на гориво е во рамките на 5,7 л/100 км, покажува официјалната информација. Стартната цена на моделот за Европа е 60.900 евра.

dsc 007-1

Од 62.900 евра почнуваат цените на бензинскиот модел со агрегат 3.0-литарски „TFSI“ кој генерира 333 КС и 440 Нм. Индикаторите на моделот се забрзувањето 0-100 км/час е за 6,1 секунди, а максималната брзина на движење е 250 км/час и просечна потрошувачка од 7,7 л/100 км.

Листата со дополнителна опрема за втората генерација „Audi Q7“ е повеќе од богата. Индивидуално воздушно потпирање, на пример, се предлага за 2050 евра, матрични „LED“ фарови чинат 2580 евра, аудиосистемот „Bang & Olufsen“ чини дополнителни 6150 евра, а инфо-системот со допир екран „MMI Navigation plus“ – 2800 евра.

dsc 007-2

Од „Audi“ веќе најавија ставање на уште еден дизел модел, кој ќе биде достапен за нарачки подоцна во оваа година. Тој исто така ќе добие мотор 3.0-литарски „TDI“, но со моќност од 218 КС. Се очекува тој да стартува од под 60.000 евра. Претстои во понудата да се додадат и две електрични верзии, дизел-електричен и бензин-електричен, но во моментот нивните цени не се наведуваат. На пазарите во Азија и Северна Америка ќе биде пуштена верзијата на новиот „Audi Q7“, опремен со 2,0-литарски „TSI“ мотор со моќност од 252 КС.

Првите испораки до клиентите на новиот „Audi Q7“ ќе бидат реализирани во текот на летото на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП