29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаблети за студенти и за училиштата

Таблети за студенти и за училиштата

ivo-ivanovski

За проектот за доделување таблети на секој студент чие семејство има примања пониски од просечната плата и доделување таблети во училиштата, во понеделник се разговарало на состанокот меѓу министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска и претставници на компаниите членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

„Ќе се доделуваат таблети со тастатура на сите студенти на приватни и државни факултети во трета или четврта година од студиите, доколку нивните семејства имаат приход помалку од просечната плата. Се надеваме дека оваа мерка ќе доведе до позитивен резултат и за студентите и за приватниот сектор, а со тоа ќе има и пораст на економијата. Овој проект треба да се заокружи до крајот на годината.„- рече министерот Ивановски.

На средбата стана збор и за вториот проект за 300.000 таблети наменети за училиштата во земјата, како и за начинот на вклучување на ИКТ компаниите во креирањето на новиот еко систем со таа опрема.

Исто така, беа покренати прашања од взаемен интерес кои можат да им помогнат на ИКТ компаниите во земјата во нивниот понатамошен напредок, а една од темите беше и начинот за задржување на младиот образован ИКТ кадар во земјата.

„Единствен начин да ги задржиме луѓето е да работиме на поттикнување на извозот. На тој начин ќе овозможиме македонскиот кадар да остане во државата и да работи на престижни проекти“. рече претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Слаѓан Михајловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП