7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault најави уште еден 4х4 модел

Renault најави уште еден 4х4 модел

renault_suv_front

Француската компанија „Renault“ сака да го искористи зголемувањето на побарувачката на кросовери на глобално ниво, па поради тоа на пазарот ќе пласира уште еден таков модел. Тој ќе се смести во сегмент „D“, а треба да биде претставен во текот на следните две години, пишува „Аutoexpress“.

На почетокот на март во Женева дебитираше кросоверот „Renault Kadjar“, кој е претставник на сегментот „C“. Моделот ја пополни палетата на теренски модели на марката, вклучувајќи ги уште „Captur“ и „Koleos“, а за две години во неа треба да се појави уште еден модел.

Предметниот автомобил ќе нуди 5 или 7 места и ќе биде изграден на новата платформа на алијансата „CMF“. Голем дел од техниката, вклучувајќи ги моторите и погонот, најверојатно, ќе биде превземени од последната генерација на „Nissan X-Trail“.

„Тој нема да биде едноставно поголем „Kadjar“. Новиот кросовер ќе има различни пропорции, дизајн и возачка позиција. Тој е насочен кон сосема поинаков тип на клиенти“, изјави за весникот главниот дизајнер на „Renault“, Лоренс ван ден Акер.

Се наведува дека главниот пазар на моделот ќе биде Азија, а се очекува тој да биде понуден и на отстанатите светски пазари. Луксузниот кросовер нема да се претвори во предводник на брендот, бидејќи ќе биде позициониран под „Espace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП