19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири ќе присуствува на почетокот на изградбата на гасоводот ТАНАП

Незири ќе присуствува на почетокот на изградбата на гасоводот ТАНАП

TANAP-gaz-boru-23932980331

Министерот за економија Беким Незири, од  понеделникот престојува на официјална посета на Истанбул, Република Турција, на покана на министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Танер Јилдиз.

Предвидено е Незири да присуствува на свечената церемонија за поставување на камен темелникот за изградба на транс-анатолскиот гасовод за природен гас ТАНАП, во провинцијата Карс во близина на турско-грузиската граница.

ТАНАП претставува заеднички проект на Турција и Азербејџан, а поминува преку Азербејџан, Грузија, Турција се до границата со Република Грција, а потоа на него ќе се надоврзува со гасоводот ТАП (Транс Јадрански Гасовод), кој поминува од Грција во Албанија и под Јадранско море оди во Италија.

На церемонијата која се одвива под покровителство на претстедателите на Турција, Грузија и Азербејџан Реџеп Таип Ердоган,Георги Марквелашвили и Илхам Алијев, министерот Незири ќе има средба со турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз каде ќе разговараат за можноста за приклучување и на Република Македонија во проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП