21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема угинато добиток во поплавите

Нема угинато добиток во поплавите

poplava-610x400ytjnrt6u65u56u565

Поплавите кои зафатија одредени земјоделски региони во Македонија не предизвикаа директно укинување на добитокот, нема ниту оштетување на некоја фарма, само е поплавен мал дел на сточна храна.

Ова во понеделеникот го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Поповски, додавајќи дека е укажано полавената сточна храна да не се користи.

„Поплавите немаат направено големи штети кои се во апсект на работењето на Агенцијата, но направени се земјоделските штети кои се во надлежност на ресорното министерство“, рече Поповски.

Тој информираше дека АХВ  испратила барања до сите општини каде имае поплави за да добие информации за степенот и обемот на поплавување кои се во доменот на работењето на АХВ.

„Притоа од секаде добивме негативен одговор дека има некави последици од поплавите. Покрај ова формиравме свои тимови кои излегоа на терен за да ја констатираат фактичката состојба“, рече Поповски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП