24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис и покажа „среден прст“ на Германија (видео)

Варуфакис и покажа „среден прст“ на Германија (видео)

janis sreden

Во германската јавност се подигна голема врева поради откритието на снимката на грчкиот министер за финансии од 2013-та година во која тој и го покажува „средниот прст“ на Германија.

Јанис Варуфакис во неделата гостуваше во една емисија на првата програма на германскиот јавен сервис и се соочи со снимка која е направена на предавање во Загреб.

„Грција во јануари 2010-та година требаше да објави дека не е во состојба да ги исполни своите обрврски кон еврото, како што тоа го стори Аргентина. Затоа на Германија треба да и се покаже среден прст и да им се каже сами да го решаваат проблемот“, изјавил тогаш Варуфакис.

Сепак, во програмата на германската телевизија тој рекол дека снимката е лажна.

„Тој прст никогаш го немам покажано. Прстот е монтиран, тоа ви го велам без никакво сомневање, затоа верувајте ми“, наведува Варуфакис.

Германските медиуми потоа побарале мислење од експерти за видео монтажа, кои едногласно навеле дека немало интервенција и дека снимката е автентична.

„Bild“ на насловната страна на денешното издание запраша дали Варуфакис излажал милиони Германци, а неодамна истиот весник неодамна ги повика Германците да кажа „не“ на давањето на нивните пари на „мрзливите Грци“.

Mожеби ваквиот потег на Варуфакис е една од причините за отворено негативниот став кој министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле го има кон Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП