17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПропадна соединувањето на Holcim и Lafarge

Пропадна соединувањето на Holcim и Lafarge

lafarge holcim

Договорот за основање на најголемиот светски производител на цемент е одложен, а причината за тоа е што одборот на директори на „Holcim“ дека не ги прифаќа условите за соединување со „Lafarge“.

„Одборот на директори на „Holcim“ заклучи дека постапката за соединување со францускиот ривал „Lafarge“ неможе да биде продолжена во актуелната форма“, се наведува во соопштението на „Holcim“.

Поради таа причина, предложено е повторно да се преговара за обемна размена на акции, или за управувачката структура.

Од друга страна, „Lafarge“ во своето соопштение наведува дека се посветени на соединувањето на „Holcim“, како и дека се подготвени да разговараат за ревизија на првобитниот предлог кој е за замена на акциите на „Lafarge“ за акции во новата компанија во сооднос еден према еден.

Од „Lafarge“, меѓутоа, препорачуваат дека нема да биде прифатлива било каква друга промена на условите на постоечкиот договор.

Планот за соединувње „Holcim“ и „Lafarge“ е највен за уште во април во 2014-та година, кога раководствата на двете компании се пофалија со формирање на најголемите светски цементарници со годишен промет од 40 милијарди долари и работење во 90 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП