12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгијците масовно доцнат со ратите

Белгијците масовно доцнат со ратите

money-evro-lavirint-evra-pari

Бројот на граѓани во Белгија кои имаат потешкотии со враќањето на еден или повеќе кредити, на крајот на февруари оваа година достигна рекордно ниво и изнесуваше 352.270.

Тие вкупно имаат кредити во износ од 3,13 милијарди евра, покажуваат податоците на Централната белгиска банка.

Станува збор за хипотекарни и потрошувачки кредити.

Во однос на крајот на февруари 2014 година, бројот на кредитно задолжените Белгијци кои доцнат со отплатата на кредитите е зголемен за 2,5 проценти, додека бројот на активни кредитни профили во истиот период е намален за 0,5 проценти, пренесува белгискиот весник Либр.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП