ПочетнаАВТОБИЗНов систем кој го олеснува возењето

Нов систем кој го олеснува возењето

kola

Технолошката фирма „Herman“ ја претстави интерактивната шофершајбна, за која како што тврдат од компанијата, автомобилот на безбеден начин ќе го претворат во подвижна канцеларија.

Официјалниот претставник на компанијата, Ханс Рот, изјави дека системот на возачот на стаклото ќе ја прикажува брзината и оддалеченоста на возилото пред него, дојдовните телефонски повици со слика од повикувачот, временските услови на патот, покажување на правецот, насоките и предупредување од евентуални судари.

kola2

Овие информации на возачот ќе му бидат претставени во неговиот видокруг, но Рот верува дека податоците се во доволна мера проѕирни, така што на возачот нема да му го одземаат вниманието.

Оваа технологија веќе е присутна во некои од луксузните автомобили.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП