20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОзначувањето на храната ќе биде согласно европските стандарди

Означувањето на храната ќе биде согласно европските стандарди

deklaracii-hrana-oznacuvanje-hranata

Прехранбените производи ќе мора на амбалажата да имаат потполни  и соодветни информации, во спротивно нема да може да се продаваат на македонскиот пазар.

Ова е предвидено со европската лигислатива, која за производите кои се пласираат на македонскиот пазар ќе стапи на сила во јуни годинава.

За македонските производи кои се извезуваат на европскиот пазар, оваа одредба стапи на сила на 13 декември 2014 година.

Согласно овие стандради, секој прехранбен производ кој што ќе се најде на рафтовите во домашните продавници, меѓу другото, ќе мора да содржи информации за алергенсите, односно дали употребата на производот може да потикне одредени алергии. Покрај ова производот неизбежно ќе мора да има информации за нутритивниот аспект, како и за потеклото.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски информираше дека Агенцијата преку работилници и посебен водич ги едуцира операторите со храна за новите прописи.

„За оваа цел како Агенција излеговме во пресрет на нашите оператори со храна кои го пласират производот на домашниот пазар со цел сите информации кои им се потребни во однос на измените на законот да ги добијат и да можат навремено да ги применат за да можат нормално да ги пласираат своите производи и да не заостануваат во однос на конкуренцијата“, рече Поповски на прес конференција во Стопанската комора на Македонија.

Според него, со воведувањето на овие измени се уредуваат и правата на потрошувачите.

„Со новите измени се регулираат сите оние барања кои треба да ги имаат прехранбените производи во поглед на означувањето со храна. Нема да можат да стават информации кои не се соодветни или не се целисходни. Со овие информации  им се овозможува на потрошувачите сами да го изберат производот кој го посакуват“, рече Поповски.

Тој информираше дека оние производи кои нема да ги применат новите прописи ќе бидат повлечени од македонскиот пазар, а предвидени се и парични казни до 5.000 евра за правното лице.

Поповски рече дека нема информации за евентуални проблеми кај македонските извозници на храна на европскиот пазар, за кои веќе стапија на сила овие одредби и изрази уверување дека сите опеартори со храна на домашниот пазар ќе имаат доволно време да се прилагодат до јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП