30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБум на странски инвестиции во Франција

Бум на странски инвестиции во Франција

investicii-evropa

Вредноста на странските инвестиции на францускиот пазар, по три години стагнација, порасна за осум проценти во 2014 година во однос на 2013 година.

Во изминатата година донесени се вкупно 1.014 странски инвестициски одлуки кои резултираа со создавање на повеќе од 20 илјади работни места, што 2014 година ја направиле втората најдобра година во период од една деценија.

Франција повторно привлекува странски инвеститори кои гледаат шанса за осварување на силен профит, особено во секторот за производство, истражување и развој, инженерингот и дизајнот, истакнаа на прес конференцијата од Агенцијата за промоција на странските инвестиции и извозот, Бизнис Франс, пренесуа агенцијата АФП.

Најголемиот број на странски инвеститори во Франција во изминатата година биле од Европската унија (61 процент), потоа од Северна Америка (22 проценти) и Азија (12 проценти). Инвеститорите дошле од 47 земји, за разлика од забележаните 33 во претходната година и 39 во 2012 година, а најмногу инвестирале Американците, Германците, Англичаните, Италијаните и Јапонците.

Истиот извор наведува дека во Франција работат околу 20 илјади странски компании, кои вработуваат повеќе од два милиони луѓе. Платниот фонд на тие претпријатија, според статистичките податоци, сочинува 12 проценти од вкупниот, а тие обезбедуаат 31 проценти од вкупниот извоз и 19 проценти од вкупните приходи од извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП