18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанческа–Милевска во работна посета на Албанија

Канческа–Милевска во работна посета на Албанија

kaceska-mileska-elizabeta

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска во понеделник престојува во еднодневна работна посета на Албанија во чии рамки ќе оствари билатерална средба со албанската колешка Мирела Кумбаро.

На средбата, двете министерки за култура ќе ја потпишат Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура на Албанија за периодот 2015–2020 година.

Овој значаен документ ќе претставува правна рамка за унапредување на соработката, како и за интензивирање на размената на проекти меѓу институциите од културата од двете земји. Со потпишувањето на Програмата за соработка, ќе се отвори можноста на годишно ниво да се договараат активностите кои ќе се реализираат меѓу двете страни.

Македонија и Албанија имаат добра соработка во сите дејности на културата. Досега се реализирани многубројни активности во областа на заштитата на културното наследство, а се забележани и голем број гостувања на театрите од Македонија во Албанија, како и реципрочни гостувања на театрите од Албанија на меѓународните фестивали во нашата земја. Значајна е и соработката во музичко-сценската, фолклорната и во издавачката дејност, како и во филмската уметност, каде беа реализирани копродукциски проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП