Глобалното економско закрепнување и понатака е „премногу бавно, преслабо и премногу неурамнотежено“, изјави денес директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
Таа изјави дека разликите во монетарните политики се фактор ризик кој може да доведе до нестабилност на финансиските пазари.
Лагард потврди дека прогнозите на ММФ за раст на светската економија оваа година изнесуваат 3,5 проценти, а за 2016 година 3,7 проценти.
„Овие податоци сеуште се под она што би можеле да го очекуваме по таквата криза која ја имавме“, изјави Лагард во обраќањето пред студентите во Њу Делхи.
Таа додаде дека во иднина би можело да се очекува подобрување благодарение на ниската цена на нафтата и каматните стапки, пренесува Ројтерс.
„Меѓутоа, постојат значајни ризици за закрепнување на кревката глобална економија“, напомена таа.
Според неа, економското закрепнување изгледа ветувачко во САД и Велика Британија, но е прилично ниско во еврозоната и Јапонија.