28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов раст на невработеноста во Грција

Нов раст на невработеноста во Грција

Grcka_BetaAP3

Невработеноста во Грција во последниот минатогодишен квартал повторно порасна, со што е завршен периодот на скромен пад на невработеноста, покажаа податоците во Атина.

Стапката на невработеност во три месеци, заклучно со декември, достигна 26,1 проценти, во време на политичката и економска неизвесност во пресрет на изборите во Грција, додека бројот на луѓе без работа изнесувал 1.245,854, наведува грчкиот Завод за статистика, пренесува весникот Катимерини.

Од тој број 51,5 проценти се млади од 15 до 24 години, а 73 проценти се без работа една година или подолго во однос на 72 проценти во истиот период во 2013 година и 47,7 проценти од истиот квартал во 2010 година, кога Грција го прими првиот пакет меѓународна финансиска помош.

Невработеноста во третиот квартал изнесувала 25,5 проценти, а во последниот квартал од 2013 година 27,8 проценти, додава Заводот.

Анкетата која ја спроведе Заводот покажа дека осум од 10 невработени Грци се толку очајни што би прифатиле секаква работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП