3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридниот BMW X5 е подготвен (фото)

Хибридниот BMW X5 е подготвен (фото)

hib x56

Првиот сериски теренец со алтернативен погон на „BMW“ ќе се појави на пазарот оваа есен. Моделот го носи името „X5 xDrive40e“ и располага со хибриден „plug-in“ мотор, објави германската компанија со седиште во Минхен.

hib x51

Серискиот „X5 xDrive40e“ ја претставува еволуцијата на концептот „X5 eDrive“ прикажан во Франкфурт во 2013-та година. Моделот е управувано од хибриден мотор, кој има можност за полнење од електричната мрежа (plug-in). Тој се состои од четирицилиндарски бензински би-турбо мотор со зафатнина од 2,0 литри и електромотор кои генерираат 245 и 113 КС. Трансмисијата е автоматска „Steptronic“ со 8 степени.

hib x52

Вкупната моќност на системот достигнува импресивни 313 КС, а вртежниот момент е 450 Nm. Просечната потрошувачка на гориво е од 3,3 до 3,4 литри, а емисијата на „CO2“ е од 77 до 78 г/км, се наведува во информацијата од „BMW“.

При движење во хибриден режим „X5 xDrive40e“ е способен за забрзување од место до 100 км/час за 6,8 секунди, а може да развива максимални 210 км/час. Во целосно електричен режим, автономијата е околу 31 километри, а максималната брзина е ограничена до 120 км/час.

hib x53

Полнењето на батериите на возилото може да биде спроведено како со обичен контакт на електричната мрежа, така и со „BMW i Wallbox“ или јавна станица за полнење. Литиум-јонската батерија (9,0 kWh) е монтиран под подот на багажникот, благодарение на што товарниот волумен на автомобилот нуди помеѓу 500 до 1720 литри.

hib x54

„BMW X5 xDrive40e“ е опремен со системот за погон на четири тркала „xDrive“, како и со познатите режими „COMFORT“, „SPORT“ и „ECO PRO“.

digital retouch www.pixoleb.com

Хибридниот „BMW X5“ ќе се појави пред публиката оваа есен на автосаемот во Франкфурт. Продажбата ќе стартува веднаш потоа, па се очекува тогаш да бидат познати и цените на овој модел.

hib x57

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП