7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на хрватскиот превод на „Осмица“ од Румена Бужаровска

Промоција на хрватскиот превод на „Осмица“ од Румена Бужаровска

osmica_rgb-1000

Промоција на хрватскиот превод на збирката раскази „Осмица“ од македонската писателка Румена Бужаровска, во издание на хрватската издавачка куќа „Алгоритам“ ќе се одржи во понеделник, во 19.30 часот во книжарницата „Богдан Оризовиќ“ во Загреб.

За расказите ќе зборуваат македонистот Ивица Баковиќ, уредникот на „Алгоритам“, Круно Локотар, како и авторката.

За збирката „Осмица“ издавачот кажува: „Расказите на Румена Бужаровска се напишани со обичен, може да се рече демократски вокабулар, од средниот стилски регистар. Нејзините ликови се фино распространети по сите животни векови, од детство до старост, а се работи за раскажувачки или пак за раскази во чиј фокус се женски ликови.

Ликовите, не само женските, се исклучително пластични, скулптури од зборови. Тајната на нивната уверливост е во човечноста: впечатливи се по своите слабости и несовршености. Психопортретите на ликовите се исцртани во неколку потези, но сепак раскошно. Расказите се драми од секојдневието, често кондензирани во неколку часа, напнати како крими-филмови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП