3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЦитроен кабриолет од 1939-та продаден за 612.400 евра

Цитроен кабриолет од 1939-та продаден за 612.400 евра

citroentraction_0_0_468X10000

Автомобилот од типот „Citroen Traction“ кабриолет произведен во 1939 година е продаден за 612.400 евра на наддавање одржано во неделата во Фонтебло, недалеку од Париз, соопшти аукциската куќа Osenat, организатор на настанот.

Споменатиот олдтајмер во сопственост на неименуван француски колекционер „е еден од трите оригинални кабриолета ‘Citroen Traction 15.65’ од 1939 година коишто фабриката ги произвела за семејството Мишлен“, наведува аукциската куќа.

По Втората светска војна автомобилот дошол во посед „на сегашниот сопственик, концесионер на „Цитроен“ од 1960-те кој го сочувал до денес, во изминатиот педесетгодишен период.

Истата аукциска куќа во 2009 година го продаде автомобилот „Bugatti 37A Grand Prix“ од 1928 година за 1,036 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП