По многу успешниот настап во Женева, „Aston Martin“ на зависниците од адреналин им понуди видео со кое можат да се запознаат со сите атрактивности и јачината на новиот „GT3“ модел.
„Vantage GT3 Special Edition“ е базиран на моделот „Vantage“, кој се појави пред десетина години, оргинално со 4.3-литарски „V8“ мотор и 380 ks.
Актуелниот „GT3“ е малку помоќен, затоа што под хаубата има 6.0-литарски „V12“ со 600 „коња“. Тој е помоќен од сите модели во гамата на „Aston Martin“, освен од „One-77“.
Во понудата ќе бидат само 100 примероци, па кој сака ваков автомобил нека побрза со купувањето! За жал, засега цената на овој примерок се уште не е објавена.