13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаменос: Ако Грција излезе од еврозоната следни се Мадрид и Рим

Каменос: Ако Грција излезе од еврозоната следни се Мадрид и Рим

Panos Kamenos

Доколку Грција ќе мора да ја напушти еврозоната, следни ќе бидат Шпанија и Италија, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во интервју за гермaнскиот весник Bild, објавено во саботата.

„Доколку Грција експлодира, следни ќе бидат Шпанија и Италија, а тогаш во еден момент и Германија. Оттаму, мора да изнајдеме начин во рамките на еврозоната, но не таков според којшто Грците ќе мора да продолжат да плаќаат“, изјави грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос во однапред објавениот исечок од интервјуто,

Исто така, вели дека на Грција нема да ѝ биде потребен третата програма за странска финансиска помош, туку простување на долгот, како што го добила Германија на конференцијата од 1953 година во Лондон.

Односите меѓу Германија и Грција се крајно затегнати и поради остриот став на Берлин дека Атина мора да ги исплати своите долгови и да ги изврши обврските преземени со договорот со кој доби заеми од 240 милијарди евра и отпишување на 110 милијарди евра од приватните претежно германски доверители.

Грчкиот парламент минатата седмица донесе одлука за формирање комисија којашто ќе работи на барањето воена репарација за штети сторени во Втората светска војна, којашто ја процени на 322 милијарди евра и е закани со запленување германски имоти во Грција. Берлина уште еднаш одговори дека во 1960-те го платила тој долг, како и дека Атина во 1990 година при спојувањето на двете Германии е потписник на договорот со кој се затвора ова прашање.

Грција поднесе и официјален протест до германското министерство за надворешни работи обвинувајќи го министерот за финансии Волфганг Шојбле дека го навредувал својот Грчки колега Јанис Варуфакис. Шојбле го демантираше пишувањето на дел од грчкиот печат дека го нарекол Варуфакис „глупо наивен“.

Каменос во интервјуто го коментираше Шојбле. „Не разбирам зошто секој ден во новите изјави се свртува против Грција. Тоа наликува на психолошка војна и Шојбеле со тоа ги труе односите меѓу двете земји“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП