Следната генерација на „Audi А8“ ќе се појави со едногодишно задоцнување, тврди „Autocar“. Причината е дека предводникот на германската марка ќе располага со технологија за автономно движење, чиј развој бара уште време.
Се очекуваше дека новиот „А8“ ќе се појави кон крајот на 2016-та година, но според информациите премиерата на автомобилот е одложена за 2017-та година.
Британското издание наведува дека моделот ќе има разработени во моментов уникатни електронски системи, од кои еден од нив ќе овозможува полуавтономно движење. За што точно станува збор допрва треба да дознаеме.
Официјална информација за возилото се уште не е распространета, но шпекулациите покажуваат дека новиот модел ќе има речиси слични димензии. Тој ќе ја користи новата платформа која ќе го направи повеќе пргав, полесен и побезбеден.
Основна промена ќе има и во дизајнот на предводникот на брендот, па следното „Audi А8“ ќе биде првиот модел, целосно создаден од новиот дизајнер Марк Лихте. Се очекува дека ликот на автомобилот ќе биде позајмен од концептот „Prologue“.