19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКсенија Чочкова и Томислав Османли учесници на ’Разговорот за градовите’ во Лајпциг

Ксенија Чочкова и Томислав Османли учесници на ’Разговорот за градовите’ во Лајпциг

Untitled

На една од најзначајните светски презентации на издавачите Саемот на книгата во Лајпциг кој започна во четвртокот навечер а ќе трае до 15-ти март, во својство на гости на преведувачката мрежа „Традуки“, меѓу другите автори од регионот, ќе учествуваат македонските автори, писателот Томислав Османли и преведувачката и германист Ксенија Чочкова.

На повеќедневната трибина „Разговор за градовите“, во присуство на останатите поканети автори од поширокиот регион и на саемската публика, во недела претпладне македонските творци ќе ги претстават своите лични и книжевни доживување на Скопје.

Темата на средбата гласи: „Прочити и говори за македонскиот главен град Скопје“. Модератор на средбата посветена на Скопје ќе биде Натали Кронаст, а делови од прозата на македонските автори ќе чита Бенјамин Лангер.

Томислав Османли, инаку, е познат како автор на повеќе разнородни дела, како во прозата така и во драмските творби, тематски посветени токму на Скопје, а Ксенија Чочкова како авторка која на македонски приопшти повеќе наслови од од современата германска книжевост.

Дел од учесниците на оваа трибина се и писателите Срѓан Срдиќ од Србија, Даша Дрндиќ од Хрватска, Јоана Парвулеску од Романија, а учествуваат поголем број истакнати автори од поширокиот балкански ареал.

Во сабота навечер, пак, заедно со другите учесници, Османли ќе настапи на манифестацијата „Балканска ноќ“. Притоа, покрај краткиот раговор со него, авторот ќе прочита еден покус дел на македонски, а актерот Торстен Гизе ќе го прочита преводот на една целина од романот „Дваесет и првиот“ кој, меѓу останатото допира и голем број балкански теми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП