24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот продолжува да расте, игнорирајќи ги негативните показатели од САД

Доларот продолжува да расте, игнорирајќи ги негативните показатели од САД

dolar

Индексот на американскиот долар, односно курсот на доларот во однос на кошницата од шесте валути на земјите најголеми американски трговски партнери, во петокот го продолжи повеќегодишниот максимум, и со него се тргуваше над психолошката бариера од 100 индексни поени, и покрај негативната внатрешна статистика.

Состојбата во 16 часот по македонско време покажа дека индексот на доларот се зголемил 0,84 отсто, до 100,11 поени, обновувајќи го максимумот од март 2003 година.

Така, курсот на еврото во однос на доларот падна на 1,0521 долари за евро од 1,0636 долари колку што изнесуваше на затворањето на тргувањето во четвртокот. Курсот на доларот кон јапонскиот јен, исто така, се зголеми на 121,326 јени од 121,285 јени за долар во четвртокот.

Цените на производствените услуги во САД на крајот од февруари неочекувани се намалиле за 0,5 отсто на месечно ниво, објави во петокот министерството за труд.

Аналитичарите во анкетата на порталот Dailyfx.com очекуваа раст на показателот од 0,3 отсто. Претходниот месец овој показател забележа пад од 0,8 отсто.

Покрај тоа, индексот на расположението на потрошувачите кој го изработува Универзитетот Мичиген (Michigan Consumer Sentiment Index), кој го изразува степенот на довербата во економијата на САД, според прелиминарните процени во март неочекувано паднал на 91,2 поени од 95,4 поени во февруари. Аналитичарите, пак, напротив очекуваа раст на овој показател за 95,7 поени.

Подемот на американската валута кој трае неколку месеци, е доволно силен да ги игнорира разочарувачките базични податоци, вели за MarketWatch Борис Шлосберг главен стратег за валутни трансакции во „BK Asset Management“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП