19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските компании и годинава ќе може да ангажираат странски експерти

Македонските компании и годинава ќе може да ангажираат странски експерти

makedonskite-kompanii-angaziraat-eksperti

Македонската влада и оваа година продолжува со прокетот за обезбедување експертска помош за домашните компании, кои ќе имаат можност да ги користат услугите на странски екперти за подобрување на производниот процес и услуги.

За оваа намена распишан е јавен повик, кој ќе трае до 24 апил, објави во петокот македонската влада.

На конкурсот можат да се јават компании, кои постојат најмалку пет години, да имаат најмалку пет, а најмногу 150 вработени, а капиталот што го поседуваат да биде најмалку 51 отсто во домашна сопственост.

Право на учество на конкурост имаат и оние компании кои веќе користеле странска стручна помош.

Трошоците за експертите, кои се претежно од Германија, Холандија, Шпанија и Австрија, ги покрива владата, додека компаниите треба да ги покријат трошоците за сместување и за локален превоз.

Премирот Никола Груевски оцени дека досегашните резултати од ангажирањето на странски експерти во македонското стопнаство се повеќе од ветувачки.

Вкупно 45 проценти од домашните фирми ги подобриле производниот процес и маркетингот, а 10 отсто имаат придобивки во анализата на работењето и планирањето на идните активности, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.

Тој истакна дека 87 проценти од компаниите изразиле очекување дека ќе отворат нови работни места, додека 86 отсто повторно најавиле потреба и желба од ангажирање странски експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП