24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОценки на IEA за прекумерната понуда ја спуштија цената на нафтата

Оценки на IEA за прекумерната понуда ја спуштија цената на нафтата

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на барел нафта се спушти во петокот на светските берзи под 57 долари, откако Меѓународната агенција за енергетика (IEA) утврди дека заситеноста на пазарот и натаму се зголемува, а производството во САД се уште не покажува знаци на забавување.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 62 центи во однос на претходното затворање, на 56,46 долари. На американската берза со барелот се тргува по 81 цент пониска цена, од 46,24 долари.

Иако производството во OPEC е намалено во февруари, глобалната понуда е зголемена за 1,3 милиони барели дневно во однос на истиот период лани, на вкупно 94 милиони барел дневно, предводена од зголемената понуда од државите вон OPEC за 1,4 милиони барели на ден.

„Засега баш и нема никакви знаци за намалување на понудата од САД. Напротив и натаму им пркоси на очекувањата“, забележуваат од IEA, додавајќи дека во САД наскоро би можело да снема простор за складирање, што дополнително би ја притиснала цената на нафтата.

Процесот ќе трае минимално до втората половина на годината кога би требало да се појават знаци на зававување на производствто во САД, напоменуваат од IEA. Тоа заедно  со зголемувањето на светската побарувачка би требало да ги поттикне цените и да му овозможи на OPEC да здивне.

Во меѓувреме побарувачката во САД би можело да ја поттикне завршувањето на штрајкот во американските рафинерии, кои би требало да ја спуштат цената на залихите на сировата нафта од највисоко ниво во овој дел од годината за над 80 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП