24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската централна банка дополнително ги намали каматните стапки

Руската централна банка дополнително ги намали каматните стапки

banka rusija 2354

Руската централна банка ја снижи во петокот клучната каматна стапка по втор пат во оваа година, балансирајќи помеѓу потребата за поттикнување на забавената економија и загриженоста поради високата инфлација.

Клучната каматна стапка е снижена за цел отстотен поен, на 14 отсто, откако банката во јануари ја снижи за два отстотни поени.

Одлуката за дополнително снижување на клучната камана стапка е донесена бидејќи сеуште превладуваат ризиците за позначително ладење на економијата.

Потегот е во рамки на очекувањата на учесниците на пазарот, со оглед на стабилизацијата на руската валута по драматичниот 46-отстотен пад.

Минатата година поради падот на домашната валута централната банка ја крена каматната стапка за цели пет отстотни поени, на 17 отсто, за да поттикне поголемо штедење наместо потрошувачка.

За цела 2015-та година се предвидува стапката на инфлација да биде околу девет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП