9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОсвежителен напиток полн со витамини кој ветува витка линија

Освежителен напиток полн со витамини кој ветува витка линија

greensmoothie (1)

Освен тоа што овој напиток е одличен за постигнување и одржување на витка линија, тој е и идеален освежителен пијалок полн со витамини…

Состојки:

– 1,5 до 2 чаши филтрирана вода

– 6 шолји исецкан спанаќ

– 5 шолји исецкана зелена салата

– 2  парчиња целер

– 1 излупено и исецкано јаболко

– 1 излупена и исецкана круша

– 1 банана

– 1 до 2 кафени лажички сок од лимон

Може да додадете и мраз, половина шолја кориандер и половина шолја магдонос по желба.

Подготовка:

Измијте го овошјето и излупете го од кората. Ставете вода во блендерот и додадете ја салатата и спанаќот. Вклучете го блендерот на минимална брзина и матете додека состојките не се соединат. Постепено зголемувајте ја брзината и додадете ги останатите состојки. Бананата и лимонот додадете ги последни. Овој витамински напиток можете да го употребите и како замена за еден оброк во денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП