20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмладиот милијардер има 24 години

Најмладиот милијардер има 24 години

Evan Spiegel

Откако добил идеја да направи апликација за споделување фотографии, Еван Шпигел не мислел дека тоа ќе го доведе на листата на најмлади милијардери на Форбс.

Со 24 години, тој ја поседува една од највредните апликации на светот, проценета на 15 милијарди долари, а тоа е популарната апликација за споделување фотографии Startup Snapchat.

Шпигел пораснал во богато семејство во Лос Анџелес. Студирал на престижниот Стенфорд, но се откажал на неколку испити до диплома, за да се посвети на Snapchat.

Како што вели еден од неговите соработници, сакале да направат нешто интересно, како што биле и самите тие.

Неодамна, кинескиот интернетски гигант, Алибаба, вложил 200 милиони долари во неговата апликација, меѓутоа, вредноста на апликацијата продолжува да расте и се очекува да изнесува околу 19 милијарди долари.

Благодарение на ова, Шпигел живее лагоден живот, во куќа од 3,3 милиони долари.

Свесен е дека во животот имал среќа и тоа отворено го признава.

„Јас сум само младо, образовано момче. Навистина ми се посреќи“, го коментира тој својот успех, наведувајќи дека често животот не е фер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП