1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Шпанија зголемен на 97,7 проценти

Јавниот долг на Шпанија зголемен на 97,7 проценти

spanija-javen-dolg

Јавниот долг на Шпанија е зголемен на 97,7 проценти од БДП на крајот на 2014 година, што е во согласност со прогнозите на владата која очекуваше надминување на границата од 100 проценти оваа година.

Во третиот квартал од 2014 година, јавниот долг изнесувал 96,8 проценти од БДП, потсетува централната шпанска банка. На половината на февруари банката објави дека јавниот долг на четвртата економија во еврозоната на крајот на 2014 година ќе се зголеми на 1034 милијарди евра.

Јавниот долг на Шпанија во 2007 година изнесувал 36,3 проценти од БДП, но тој експлодираше за време на кризата, пренесува АФП.

Мадрид очекува дека јавниот долг во 2015 година ќе достигне 100,3 проценти од БДП, во 2016 година 101,5 проценти од БДП, додека во 2017 година ќе се намали на 98,5 проценти.

Шпанската економија во 2014 година започна да закрепнува забележувајќи раст на БДП од 1,4 проценти по петгодишната рецесија и нулта економскиот раст.

Министерот за економија, Луис де Гиндос, изјави дека владата очекува во наредните пет години економски раст меѓу 2,5 и 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП