3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоглед кон идниот SUV на Opel (фото)

Поглед кон идниот SUV на Opel (фото)

opel suv

Фотографии од идниот предводник на „Opel“ се појавија на Интернет. Нивен автор е независниот автомобилски дизајнер „RM Design“, кој дава свој предлог за тоа како ќе изгледа автомобилот.

Моделот претставува „SUV“, инспириран од концептот „Monza“ кој „Opel“ го покажа во Франкфурт во 2013-та година. Иако е замислен како иден модел, дизајнот концепт не е основан на футуристички форми, а голем дел од елементите потсетуваат на оние кај сериската „Insignia“.

opel suv1

Дизајнерот вели дека добил инспирацијата и од претходните предводници на „Opel“ – „Senator“, „Admiral“ и „Signum“.

Од германската компанија веќе официјално потврдија претставување на сличен модел, а прецизираа дека неговата премиера треба да се одржи во 2017-та година, а станува збор за автомобил, за кој се очекува да го прифати името „Monza“ и ќе претставува „SUV“, кој ќе ја предводи палетата од теренски модели на производителот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП