29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев доби пет милијарди долари од ММФ

Киев доби пет милијарди долари од ММФ

Ukrajina_BetaAP1

Украина ја прими првата транша помош од пет милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамките на новиот четиригодишен пакет со вкупна вредност од 17,5 милијарди долари, соопшти денес портпаролот на украинската Централна банка.

Се очекува дека заемот од ММФ ќе „отклучи“ дополнителни кредити од други донатори.

ММФ претходно соопшти дека Украина би требало да добие финансиска поддршка од 40 милијарди долари.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави претходно дека на Киев му се потребни повеќе од 40 милијарди долари финансиска помош за опстанок на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП