30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank ќе плати казна од 1,45 млрд. евра во САД поради кршење...

Commerzbank ќе плати казна од 1,45 млрд. евра во САД поради кршење на санкции

commerzbank3_18

Германска „Commerzbank“ ќе им плати на американските власти вкупно 1,45 милијарди долари казна поради кршење на економските санкции воведени кон Иран и Судан.

Казната ги вклучува трошоците произлезени од перењето на пари кои „Commerzbank“ ги вршел за јапонската компанија „Olympus“, наведе „BBC“.

Регулаторите заклучија дека „Commerzbank“ „ги затворал очите“ пред незаконските работи.

Извршниот директор на втората по големина германска банка, Мартин Блесинг рече дека наведеното кршење на законот го земаат „мошне сериозно“. Додаде дека „Commerzbank“ ќе воведе измени во системите и обуки меѓу вработените за да се отстранат недостатоците кои ги воочиле американските власти во Њујорк.

Во соопштението на Бенџамин М. Лавски, раководител на њујоршкото биро за финансиски услуги (DFS), се истакнува дека вработените во банката „Commerzbank“ „се обидувале да го изменат банкарскиот систем на следење на финансиски трансакции на банката за да се намали бројот на предупредувања за можни неправилности“.

„Ова укажува на можен поширок проблем во банкарската индустрија“, истакна Лавски.

„Commerzbank“ е последната во долгата низа банки кои се обвинети за кршење на американските санкции воведени кон Иран и Судан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП