3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на новиот Superb

Стартуваше производството на новиот Superb

superb pro

Првите примероци од третата генерација на моделот „Superb“ излегоа од производниот погон во фабриката на „Škodа“ во Квасини. Автомобилот во продажните салони ќе пристигне во јуни 2015-та година.

Новата топ лимузина на „Škodа“ беше претставен на 85-тиот меѓународен саем за автомобили во Женева. Во однос на претходната верзија, меѓуосовинското растојание порасна за 80 mm – распонот меѓу предната и задната осовина изнесува 2.841 mm.

Понудата на мотори опфаќа осум погонски агрегати. Кога станува збор за бензинците, на располагање се турбо-бензинци со зафатнина од 1.4, 1.8 и 2.0 литри, во опсег од 125 дo 280 ks. На купувачите ќе им бидат достапни и 1.6 и 2.0 литарски турбо-дизели чија моќ се движи од 120 дo 190 „коња“.

superb pro1

„Škoda“ пред почетокот на производството во модернизација на фабриката вложи околу 62 милиони евра, а причина за тоа беше производството да се адаптира за изработка на „Superb“, a погонот воедно беше и проширен.

Во компанијата очекуваат добра продажба на новата генерација, откако првите две верзии на топ лимузината на „Škodа“ достигнаа вкупен тираж од околу 700.000 примероци.

Во Квасини е една од трите фабрики на „Škodа“ во Чешка. Моментално во неа има вработено околу 4.500 работници.

Покрај „Superb“, во оваа фабрика се изработуваат и моделите „Roomster“ и „Yeti“, a во 2014-та година беа произведени 166.200 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП