2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските туристи годишно ќе трошат 264 млрд. долари

Кинеските туристи годишно ќе трошат 264 млрд. долари

china-tourist_2452071b

Многу туристички компании и брендови  започнуваат борба за привлекување на што повеќе кинески туристи, по објавените податоци дека до 2019 година се очекува 174 милиони Кинези да патуваат во странство.

Кинеските туристи се очекува годишно да трошат и до неверојатни 264 милијарди долари, што е вредноста на целата економија на Финска или на Грција, забележува Bloomberg, коменнтирајќи ја анализата на аналитичарите на Bank of America.

Минатата година, надвор од матичната држава патувале околу 109 милиони Кинези, кои потрошиле околу 164 милијарди долари.

Ова е драстична промена во однос на 2000 година, кога „само“ 10 милиони Кинези патувале надвор од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП