27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДенес е 8-ми март: Кој е посилен пол на пазарот на трудот?

Денес е 8-ми март: Кој е посилен пол на пазарот на трудот?

manwoman1

Кој има повисока плата – мажите или жените? Кој побрзо ќе најде работа или ќе напредува? Дали кај нас работат повеќе мажи или жени?

Истражувањата покажуваат дека мажите кои имаат завршено најмалку факултет, во поголем процент од жените со исто образование, работат на некоја менаџерска позиција.

Мажите исто така имаат поголемо работно искуство во однос на жените. Имено, речиси 30 проценти од анкетираните мажи имаат повеќе од 10 години работно искуство, додека исто толкав процент на искуство имаат само 20 проценти од жените.

Прашања од личен карактер на интервјуто за работа

Резултатите од истражувањето покажуваат дека личните прашања за брачниот статус, бројот на деца или плановите за основање на семејство, многу често се поставуваат за време на интервјуто за работа, но интересен е фактот дека овие прашања им се поставуваат и на мажите и на жените, но сепак на жените малку почесто.

Работодавците не инсистираат на одреден пол

Иако се чини дека во средината преовладува различен став кога станува збор за полот на личноста која се вработува на некоја работна позиција, повеќето учесници во истражувањето, речиси 64 проценти од нив истакнале дека работодавците не инсистираат на одреден пол при вработување.

Привилегии и бенефиции

Можноста за напредување, бенефициите и привилегиите повеќе ги имаат мажите. Речиси една третина од анкетираните жени кажале дека немаат ниту приближно шанси колку мажите кога станува збор за напредувањето во работата.

Кој заработува повеќе?

Во повеќето компании, како што потврдија испитаниците, големината на платата не е јавен податок, и не постојат прецизни информации дали мажите се повеќе платени од жените кога станува збор за една иста работна позиција.

Сепак од општото истражување може да се дојде до заклучок дека разликата помеѓу платите е минимална. Мажите имаат повисоки плати во споредба со жените кога станува збор за следниве позиции: Финансиски советник, технички директор, проект менаџер, менаџер на продукција.

Од друга страна, жените имаат поголема плата од своите машки колеги кога станува збор за следниве работни позиции: Главен уредник, еколог, шумски инженер, специјалист за обука на вработените.

И во двата примера, разликата во платите може да достигне и до 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП