4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Мислев дека Французите се за пример“

„Мислев дека Французите се за пример“

jens-vajdman

Претседателот на Бундесбанк, Јенс Вајдман, вели дека одложувањето кое Брисел и го овозможи на Франција за усогласување на дефицитот е „исклучително проблематично“.

Одложувањето на усогласувањето на францускиот дефицит на стапка под три проценти од БДП, кое Брисел му го овозможи на Париз до 2017 година е „исклучително проблематично“, изјави Вајдман во Франкфурт на презентацијата на годишниот биланс на Бундесбанк.

Европската комисија и одобри две дополнителни години на француската влада, за да таа го врати јавниот дефицит под три проценти од БДП, граница која е поставена во европските прописи.

„Мислев дека земја како Франција ќе даде добар пример во областа на буџетската дисциплина, но „кратки беа годините во кои (Париз) ја почитуваше границата за дефицитот“, изјави тој, додавајќи дека се „грижи“ за француските соседи.

Вкупното „почитување на буџетските правила е послабо во однос на периодот пред финансиската криза, која ја потресе еврозоната во 2010 година“, додаде Вајдман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП