
Првата 14нм Intel Xeon фамилија на производи овозможува серверски можности во густ, енергетски ефикасен „систем-на-чип“ оптимизиран за клауд, телекомуникациски услуги и веб хостинг


Првата 14нм Intel Xeon фамилија на производи овозможува серверски можности во густ, енергетски ефикасен „систем-на-чип“ оптимизиран за клауд, телекомуникациски услуги и веб хостинг
Интел корпорацијата денес ја објави Intel® Xeon® processor D фамилијата на производи, првиот Intel Xeon процесор базиран на систем-на-чип (SoC). Граден на водечката во индустријата 14нм технологија, Intel Xeon processor D фамилијата на производи комбинира перформанси и напредна интелигенција за Intel Xeon процесори со големина и енергетска ефикасност на SoC.
Брзото ширење на поврзаните уреди овозможува експоненцијален раст во сообраќајот на податоци, зголемувајќи ја побарувачката за дата центри и мрежна инфраструктура за клауд и телекомуникациски провајдери. Како што корисниците бараат поефикасна инфраструктура и брзо испорачување на нови услуги што ќе генерираат средства, тие се префрлаат на стандардна Интел архитектура за да се овозможи технолошки решенија и стабилност потребна за дата центри и мрежи.
Intel Xeon processor D фамилијата на продукти нуди нови опции за да се обрати на растечката потреба за енергетски ефикасни инфраструктурни решенија, што ја прошируваат технологијата на Интел од дата центри до мрежи. Ова им овозможува на корисниците подобрена интелигенција со поголема способност за брзо испорачување на нови услуги по помала цена за користење (TCO). Исто така, со серверските можности, достапноста и сервисот (RAS) сега ќе бидат достапни во ултра енергетски ефикасен уред, телекомуникациските провајдери ќе можат да испорачаат интелигентни мрежи.
„Растот на поврзани уреди и побарувачката за повеќе дигитални услуги создаде нови можности за информатичка и комуникациска технологија“, рече Дајен Брајант, постар заменик претседател и генерален менаџер на Data Center Group на Интел. „Со тоа што ги донесовме перформансите на Intel Xeon процесорот до ниско енергетски SoC, ние го испорачуваме најдоброто од двата света и им овозможуваме на нашите клиенти нови возбудливи услуги“.
Вести и факти
„Како најголем веб-хостинг провајдер во Европа, технолошките иновации се од клучно значење за успехот на компанијата“, кажа Роберт Хофман, извршен директор на 1&1 Internet AG. „Како дел од нашата широка технолошка соработка со Интел, ние ги проценуваме новите серверски платформи базирани на Intel Xeon processor D за да помогнеме во обезбедувањето на уникатна комбинација на перформанси и ефикасност добиени од ова прво Intel Xeon SoC решение.“