3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстртит, по дводневниот пад

Раст на Волстртит, по дводневниот пад

rastenje ekonomija

Цените на акциите на Волстрит во четртокот пораснаа, по дводневен пад, бидејќи слабите податоци за потрошувачката во малопродажбата во САД ги ублажија стравувањата од зголемување на каматите на Фед и го сопреа растот на курсот на доларот.

Dow Jones скокна за 259 поени, или 1,47 отсто, на 17.895 поени, додека Ѕ&P 500 порасна за 1,26 отсто на 2.065 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,89 отсто, на 4.893 поени.

Порастот на акциите се должи на послабите од очекувани показатели за потрошувачката на Американците, што ги заживеа надежите дека Фед сепак би можел да го одложи зголемувањето на каматите за крајот на годината.

Во претходните два дена берзата беше под притисок поради уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ја заостри монетарната политика веќе во јуни, со оглед на силното закрепнување на пазарот на труд.

Но, според вчера објавениот извештај, прометот во трговијата на мало во февруари падна 0,6 отсто, веќе трет месец по ред, што не е забележано уште од 2012-та година, додека аналитичарите очекуваа раст на потрошувачката од 0,3 отсто.

„Падот на малопродажбата е последица на поголемото влијание од лошото време врз потрошувачката, а ваквите лоши податоци би можеле да ги ослабнат аргументите на функционерите на Фед кои се залагаат за зголемување на каматите кон половината на годината“, вели Милан Мулрејн, економист во компанијата TD Securities.

Потрошувачката сочинува речиси две третини од економските активности во САД, поради тоа нејзиниот пад трет месец по ред укажува назабавување на растот на БДП-то.

А со оглед дека поради ова Фед би можел да ја одложи одлуката за зголемување на каматите додека растот не забрза, вчера беше сопрен и успонот на доларот. Еврото по два дена остар пад вчера скокна од 1,05 долари, најниско ниво за последните 12 години, на над 1,06 долари.

Поради падот на курост на доларот, пак, ублажени се стравувањата дека високиот курс на доларот ќе предизвика пад на приходите на американските мултинацинални компании во странство, а со тоа ќе се загризе и нивната добивка.

„Високиот курс на доларот претставува кочница за растот и добивката на многу американските компании кои работат во странство“, вели Баки Хелвиг, потпретседател во фондот BB&T Wealth Management.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП