3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKупувачите на Koenigsegg Regerа ќе чекаат по 18 месеци (фото)

Kупувачите на Koenigsegg Regerа ќе чекаат по 18 месеци (фото)

regera

Рокот за испорака на новиот шведски супер-спортски автомобил од 1.500 ks изнесува 18 месеци, а ако купувачот се одлучи за боја по сопствен избор, тогаш ќе мора да почека уште дополнителни три месеци, велат од компанијата „Koenigsegg“.

Еден од моделите кој привлече големо внимание кај посетителите на женевскиот авто-саем е хибридниот „Plug-In“ суперавтомобил „Regera“, кој за погон користи 5.0-литарски „V8“ бензински мотор и три електромотори, а вкупната моќ изнесува „преку 1.500 ks“.

Наместо класичниот преносен систем со повеќе брзини, „Regera“ практично има само еден степен на пренос, а прелиминарните тестови покажаа дека возилото oд 0 дo 100 km/h стигнува за 2.8 секунди, додека за забрзувањето до 150-250 km/h потребно му е 3.2 секунди.

regera1

„Koenigsegg“ тврди дека „Regera“ од мирување до 400 km/h забрзува за неверојатни 20 секунди.

Шведската компанија планира да произведе 80 примероци од овој модел. Секој автомобил ќе биде рачно направен и ќе се продава по цена од околу 1.7 милиони евра, а во „Koenigsegg“ веруваат дека нема да имаат проблем да ја распродадат целата серија.

Како што велат од оваа компанија, првите примероци ги имаат продадено однапред така што ги повикале преку телефон своите постојани муштерии и им најавиле дека подготвуваат нов модел.

regera2

Некои од купувачите веднаш си резервирале примерок, иако тогаш незнаеле ниту како автомобилот ќе изгледа, ниту им биле познати неговите технички карактеристки.

Доколку посакаат нивниот автомобил да биде обоен во посебна боја, идните сопственици ќе мораат да доплатат дури 60.000 eвра, а рокот на испорака се продолжува за три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП