19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопоски во работна посета на Турција

Попоски во работна посета на Турција

popovski-nikola

На покана од министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу, министерот за надворешни работи Никола Попоски во петок ќе оствари официјална посета на Турција.

За време на средбата меѓу двајцата министри, главни теми на дискусија ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка, а ќе бидат опфатени и актуелни меѓународни случувања.

За време на посетата, Попоски се очекува да биде примен од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Исто така, министерот Попоски ќе оствари средба со членови на Парламентарната група на Големото народно собрание на Турција за пријателство со Собранието на Македонија.

Во рамките на официјалната посетата министерот Попоски ќе има обраќање во Дирекцијата на Турците во странство по повод настанот „Вечер на македонско – турско пријателство.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП