13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас смета дека Грција треба да го реструктуира долгот

Ципрас смета дека Грција треба да го реструктуира долгот

aleksis-cipras-cipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави во четвртокот во француската престолнина Париз дека е неопходно неговата земја да го реструктуира својот голем долг, во говорот пред Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) со која Грција најави партнерство за спроведување на реформите.

„Не можеме повеќе долго да очекуваме јавниот долг на нашата земја да биде одржлив. Неопходно е за Грција нејзиниот јавен долг да биде реструктуиран, што земјата би ја направило солвентна, спектакуларно би паднала каматната стапка на 10-годишните обврзници, и тоа би ни овозможило да се финансираме на пазарите“, изјави грчкиот премиер Алексис Цирпас во седиштето на ОЕЦД. Притоа истакна дека по пет години економски пад и штедење, земјата е во очајна финансиска ситуација.

Ципрас гарантираше дека „не сака да ја реформира Грција, туку да ја трансформира“, бидејќи се наоѓа во извонредно лоша економска состојба и побара за тоа буџетски простор.

Претходно во четвртокот Грција и ОЕЦД најавија партнерство за покренување на реформите во земјата. Генералниот секретар на организацијата, Анхел Гуриа, истакна дека владата на радикалната левица, којашто на крајот од јануари дојде на власт со ветувања дека ќе ги прекине непопуларните мерки за штедење и ќе постигне нов договор со меѓународните доверители, се обратила до ОЕЦД за помош.

Оваа организација во којашто членуваат триесетина земји, и којашто честопати ја нарекуваат „клуб на богатите“, има намера да и’ понуди на Атина своја експертиза за грчката фискална администрација да биде поефикасна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП