23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност намалена на 27,6 отсто

Стапката на невработеност намалена на 27,6 отсто

vrabotuvanje zavod 394

Стапката на невработеност во Република Македонија на крајот на последниот квартел од минатата година изнесувала 27,6 отсто, што е за еден отсто помалку во однос на истиот квартал од претходната година.

Стапката на невработеност во споредба со претходниот квартал, пак, бележи намалување за 0,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 961.416 лица од кои вработени се 696.046, а 265.370 лица се невработени.

Во врска со последните податоци кои во четвртокот ги објави Заводот за статистика, коментар даде премиерот Никола Груевски кој истакна дека намалувањето на невработеноста е во континуитет.

„Веќе подолг временски период, неколку години, секој квартал, на секои три месеци имаме одредено намалување на невработеноста и трендот е јасен, дека невработеноста континуирно се намалува, што е резултат на сите политики што ги наравивме до сега, сите чекори што ги направивме како Влада како држава, пред се во делот на креирање на добра бизнис клима за компанииите,  да сакаат да инвестираат и домашните и странските компании“, рече Груевски.

Според него, кон ваквиот тренд, покрај креирање добра клима, придонес има и давањето на соодветна понуда  на странските компании, преку роуд шоуа, пристап до раководствата на големите компании, ангажман на министрите без ресор, промоторите и Агенцијата за инвестиции.

„Се разбира тука се сите други  работи коишто се поврзани со правење добра бизнис клима како што се ниски даноци, рамни даноци, намалени бирократски процедури, забрзани постапки и се она што Македонија ја прави држава како една од најдобрите во светот во однос на добрата бизнис клима, што е основ, со којшто можете потоа да правите маркетинг  и да ги привлечете компаниите да дојдат тука да инвестираат и да отворат нови работни места“, рече премиерот.

„Значи, нови работни места се отвораат само со развој на реалната економија, а тоа  да се случи прво треба да се има добро завршена домашна работа, а потоа и добро сето тоа спакувано и продадено на заинтересираните“, заклучи премиерот Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП