3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на спортското купе GTE (фото)

Светска премиера на спортското купе GTE (фото)

Volkswagen Sport Coup Concept GTE

Volkswagen го претстави  спортското купе GTE со четири врати на автомобилскиот саем во Женева.

Концепт автомобилот со врвна технологија овозможува поглед кон идниот дизајнерски јазик на Volkswagen и е позициониран повисоко од актуелниот  Volkswagen CC.

Хајнц-Јакоб Нојсер раководител на секторот за развој, ја објасни целта на GTE студијата: „Овој концепт автомобил кој го одзема здивот е предодреден да постави нови стандарди во класата, благодарение на новиот дизајн и новата технологија.

Volkswagen Sport Coup Concept GTE

Кај новиот концепт, спортското купе GTE, повеќе од кога било досега, предната решетка е целосно споена со светлата со логото на Volkswagen, кое е поставено на средината, со што се добива една сосема нова форма на предниот дел. Линијата на покривот има заоблен облик и се протега од столбот А, кој е така поставен што овозможува многу подолг поклопец на моторот, се до задниот дел на каросеријата. Кај задниот дел доминира ниско поставениот „С“ столб.

Севкупниот впечаток на врвно технолошки направениот концепт автомобил го заокружуваат 21 инчните тркала со пет краци и отворите за воздух кои се поставени на предниот браник и на предните врати.

Volkswagen Sport Coup Concept GTE

Покрај револуционерната надворешност, спортското купе GTE исто така, поставува стандарди и со својата внатрешност: чистиот дизајн, ергономската перфекција и новите интерактивни системи создаваат авангардна атмосфера во внатрешноста на купето.

Благодарение на V6 TSI моторот со 279 kW / 380 КС спортското купе GTE со plug-in хибриден погон е автомобил со високи перформанси кој овозможува долги патувања со нула емисија на штетни гасови, благодарение на двата електрични мотори. Концепт возилото постигнува максимална брзина од 250 km/h, а просечната потрошувачка на гориво изнесува 2 литри на 100 km.

Volkswagen Sport Coup Concept GTE

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП