23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Стројтрансгас“ започнува со изградбата на гасоводот Неготино-Клечовце

„Стројтрансгас“ започнува со изградбата на гасоводот Неготино-Клечовце

gasifikacija222

Руската компанија „Стројтрансгас“ соопшти во четврток дека ќе започне со изградба на гасовод во Македонија, што евентуално би можел да се користи како дел од рутата преку која Европа би можела да се снабдува со руски гас од гасниот јазол на турско-грчката граница, јавува Reuters.

Првиот човек на „Стројтрансгас“ Генадиј Тимченко се најде меѓу првите на американската листа на лица под санкции по руската анексија на Крим, но тоа не би требало да претставува проблем неговата компанија да го започне проектот во Македонија, која не е член на Европската унија.

Гасоводот долг 96,6 километри од Неготино до Клечовце, на југ ќе влезе во Македонија од Грција и ќе заврши на границата со Србија на север. „Стројтрансгас“ ќе изгради 61 километар до јуни 2016 година.

Москва планира да го изгради гасоводот „Турски тек“, како замена на „Јужен тек“, а главниот јазол ќе биде на турско-грчката граница, од каде би требало да се разгранува кон европските држави.

Изградбата на гасоводот во Македонија е дел од Клириншкиот долг меѓу поранешниот Советски сојуз и поранешна Југославија, чиј дел беше и Македонија.

Вредноста на целиот проект изнесува 75,7 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП