17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддршка од 2,2 милиони евра за иновациски развој на домашните компании

Поддршка од 2,2 милиони евра за иновациски развој на домашните компании

fond inovacii

Фондот за иновации распиша конкурс за грантови старт-ап и спин-оф компании коишто имаат идеја за нов производ, за нешто ново, за некоја иновација.

Огласот трае до 18-ти април, во рокот од два месеци откако беше објавен на 18-ти февруари годинава.

„За оваа година одвоени се вкупно 2.200.000 евра од кои за овој проект, а ова е проект за мали грантови до 30.000 евра, одвоени се 600.000 евра. Ги повикувам сите оние компании, сите поединци, кои имаат идеи, кои што имаат иновација да не го пропуштат ова и да се обидат да го стават во форма во којашто се очекува, преку бизнис план итн, да го достават до Фондот за иновации каде специјална комисија составена од меѓународен борд ќе одлучува за тоа кои од нив треба да се прифатат, кои не треба, односно кои држат со тежина на некој сериозен проект што може да се развие, а кој не“, рече премиерот Никола Груевски.

Ова е прв пат во Македонија државата да доделува ваков вид на грантови, а иновациите се она што го движи светот и што ја движи економијата, потсети премиерот.

„Иновацијата е можност без посебни средства, особено вака, кога Владата, односно Фондот за иновации дава грантови, луѓе кои немаат пари, а имаат добра идеја да заработат, некои од нив и да станат многу богати. Најголемиот дел од богатите луѓе во светот успеале преку некоја иновација “, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП