27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОслабнатиот долар и судирот во Ирак ја поттикнаа цената на нафтата

Ослабнатиот долар и судирот во Ирак ја поттикнаа цената на нафтата

nafta 300

Цената на нафтата порасна во четвртокот на светските берзи близу 59 долари за барел, поттикната со ослабанитот курс на доларот и судирите на ирачките вооружени сили на исламистите во Тикрит.

На лондонската берза цената на барелот порасна 1,16 долари во однос на претходното затворање, на 58,70 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 28 центи повисока цена, од 48,45 долари.

Неочекуваниот пад на прометот во американската малотрговија во февруари, трет месец по ред, го притисна доларот кој ослабна 0,83 отсто кон кошничката клучни валути.

„Нешто послабиот долар ја поттикна денеска цената на нафтата. Но, сеуште е присутна значитлена заситеност во снабудвањето“, констатира Мајкл Хјусон од CMC Markets.

Немирите на Блискиот исток исто така ја поттикнаа цената. Ирачките вооружени сили и вооружените исламисти се судрија во четвртокот во Тикрит, во рамки на големата офанзива која во центар на судирите го доведе родниот град на некогашниот ирачки лидер Садам Хусеин.

Американскиот пазар го закочија податоците на американската влада кои повторно покажаа раст во минатата недела, и тоа за 4,5 милиони барели. Вчера пазарот го поттика извештајот за залихите на приватниот Американскиот институт за нафта, кој прв пат по подолго време покажа пад на залихите на сирова нафта, за скромни 404 илјади барели.

„Сеуште нема сигнали од евентуалното забавување на американското производство на сирова нафта, во минатата недела порасна близу 9,4 милиони барели, што е највисоко ниво за 42 години“, предупредуваат аналитичарите на германски Commerzbank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП